Истражување: Последните две децении климатската криза не чини16 милиони долари на час

Во последните 20 години штетата предизвикана од екстремните временски услови чинела 16 милиони долари на час, покажува ново истражување.

Бурите, поплавите, топлотните бранови и сушите имаат одземено многу животи и уништено голем број имоти во последните декади, додека глобалното затоплување само ги зачестува и засилува катастрофите, се вели во истражувањето.

Оваа студија објавена во списанието „Nature Communications“ е прва што пресметала глобална бројка за зголемените трошоци кои директно му се припишуваат на глобалното затоплување предизвикано од човекот.

Во студијата се открива дека просечните трошоци од 2000 до 2019 година изнесувале околу 140 милијарди долари годишно, иако бројката значително варира секоја година. Најновите податоци покажуваат трошоци од 280 милијарди долари за 2022 година иако има недостаток на податоци особено кај земјите со ниски приходи, што значи дека бројките веројатно се сериозно потценети.

Проценките се правени со комбинирање на податоците за тоа колку глобалното затоплување ги влошува екстремните временски настани и со економските податоци за загубите. Исто така, се покажало оти бројот на луѓе погодени од екстремни временски услови поради климатската криза изнесува 1,2 милијарди во текот на две децении.

Две третини од трошоците за штетите се должат на изгубените животи, додека третина се должи на уништени имоти и други средства. Бурите, како што се ураганот Харви и циклонот Наргис, пак, се одговорни за две третини од климатските трошоци.

„Првичниот број е 140 милијарди долари годишно и, пред сè, тоа е веќе голема бројка“, вели професорот Илан Ној од Универзитетот Викторија во Нов Зеланд кој го извел истражувањето со Ребека Њуман.

Професорот Ној додава и дека постојат катастрофални настани за кои немаме информации за штетите, како на пример топлинските бранови во Африка и бројот на жртви од истите.

Анализата користела статистичка вредност на изгубен живот од 7 милиони долари.

„На многу луѓе им е непријатна идејата да ставаме цена на животот. Но, ова е многу стандардна економска практика и доаѓа затоа што, во крајна линија, треба да донесеме одлуки за инвестициите во различни работи“, вели професорот Ној.

Извор: theguardian.com

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни