На 28 ноември, во Музеј на град Скопје, ќе биде отворена ретроспективна изложба на плакати која ја раскажува историјата на музичкиот живот на Скопје.
На повеќе од 90 плакати ќе бидат претставени концерти, фестивали, музички групи и артисти, кои во последните триесет години ја креираа урбаната музичка сцена на Скопје.
Уникатна можност да погледнеме во музичката урбана душа на Скопје и да се потсетиме на спомените кои музиката ги носи за градот, за луѓето и за времињата кои ја обликуваа нашата култура.