Историјата на Чаир и Топаана под слоевите на урбанизацијата

Панорамски изглед на Чаир, помеѓи двете светски војни

Чаир – Историја и етимологија

Етимологијата на името Чаир се поврзува со турскиот збор çayır, што значи ливада или отворен простор опкружен со дрвја. Друго веројатно потекло е името на личноста Кадин Чаир, која живеела на оваа локација во 16-тиот век, според документите од 1549/50 година.

Локациски, Чаир се простирал од Пајко и Карадаг маалата, покрај реката Серава, сè до периферијата на градот. Населбата некогаш била центар на занаетчии, каде што многу жители се занимавале со традиционални занаети. Во овој дел од Скопје доминира Јаја пашината џамија, џамија со највисоко минаре на Балканот. Во центарот на маалото, околу Сточниот пазар, се наоѓала и стара фурна, која до денес е препознатлива по својот квалитет.

Низ средина на градот одела реката Серава која се вливала кај Нов Мост, мостот кај Холидеј Ин. Градот се делел на два дела: Голем град под Кале со подградието што го викале Трактат Кале, тоа е кај Даут пашин амам и Мал град, околу Саат кулата

Чаир, како еснафско маало, имало социјална структура базирана на занаетчиство и колективно живеење. Жителите на маалото биле познати по силната меѓусебна солидарност.

Со годините, Чаир го изгубил својот традиционален изглед и станал дел од брзата урбанизација, со големи станбени блокови и густо населени простори. Промената на урбаната структура го избришала духот на маалскиот живот, оставајќи само неколку траги од некогашната идилична атмосфера.

Чаир е исто така познат по својата спортска историја, особено по фудбалските клубови како Слога, Балкан и Единство, кои играле важна улога во спортскиот живот на локалното население. Во текот на 19 век, во Чаир се населувале луѓе од околните села како Црешево и Љубанци, особено по 30-тите години.

Јаја Паша џамија

Во Чаир се наоѓа и Јаја Паша џамијата која е џамија со највисоко минаре на територијата на целиот Балкан.

Топаана – Артилериски гарнизон и музичка традиција

Топаана, или како што некогаш ја викале Топхана, добила име по турските зборови топ (топовско оружје) и хана (место за сместување), бидејќи во овој дел од градот бил сместен артилерискиот гарнизон. Токму затоа, тука биле населени Ромите, познати по своите вештини како барутчии – тие произведувале барут за османлиската војска. Овие вештини ја обликувале и културата на маалото, каде што многумина од жителите биле и одлични музичари, познати по свирките на зурли и тапани. Топанците биле едни од најдобрите музичари во османлиската империја.

Топаана

Топаана се простирала на периферијата на градот, помеѓу Еврејското маало и Чаир, со тесни калдрмисани улици и типични мали куќи. По турците, маалото продолжило да биде населено главно со Роми, кои се занимавале со тешка физичка работа. Образованието и воспитувањето не биле главен фокус во маалото, па многу деца биле научени на улично питачење.

Куќата на Александар Кондев во Топаана, некаде околу 1976 година

„Старите маала беа уникатни по својата заедништво. Во маалото каде што живеевме, бевме шест куќи поврзани со капиџици. Животот се одвиваше и на улица и во заедницата. На пример, мајка ми имаше казан од 100 литри што го користевме сите. Децата заеднички играа низ дворовите, а ако некој не ги гледаше, сигурно комшиката ги надгледуваше. Ако дојдат дрва за огрев, цело маало ќе се собереше да помогне, сите заедно ги внесувавме дрвата внатре. Имавме во маалото една баба Таса, за која сите се грижевме. Прво наутро, леб се купуваше за неа, а жените кои одеа на пазар секогаш ја прашуваа дали и треба нешто да и купат. Болест, радост, тага – сè беше колективно споделено. Денес тоа го нема. Живеам во зграда со години и не ги знам имињата на соседите, а тешко се кажува и добар ден“, изјави  Александар Кондев, стар Топанчанец.

Александар Кондев

Феномен комшикапиџик. Ова подразбирало живот во тесна заедница, каде дворовите на куќите биле поврзани со врати, па соседите лесно преминувале од еден двор во друг и си помагале во секојдневните задачи.

Крај на традиционалниот начин на живот

По земјотресот во 1963 година, и двете маала – Чаир и Топана – доживеале значителни промени. Тој дел од Скопје бил запоставен и станал супстандардно населено подрачје, кое со текот на времето се претворило во едно од најгусто населените места во градот. Од 25.000 жители пред земјотресот, денес бројката се зголемила на повеќе од 100.000. Ова ги оптоварува инфраструктурните капацитети на маалата, што ја отежнува секојдневната организација и живот.

Денес, од некогашните традиции и објекти, останати се само неколку стари улици и неколку препознатливи градби како Јаја пашината џамија. Урбанизацијата ги сменила и разурнала старите структури на маалата, иако спомените за некогашниот заеднички живот во тесните дворови сè уште живеат во приказните на постарите жители.

Чаир и Топана се пример за тоа како урбанизацијата може да го трансформира не само изгледот, туку и културолошката и социјална структура на едно маало, оставајќи зад себе само фрагменти од минатото.

Во маалата на старо Скопје секогаш имало значајни обележја како фурни, џамии, па дури и бањи. Ова не само што било практично, туку и суштински дел од животот на заедницата. Во Чаир, на пример, една од најстарите фурни сè уште го задржува својот квалитет и е позната по тоа што речиси нема жител на Скопје што не ја посетил барем еднаш. Фурните биле центар на животот и комуникацијата во маалото, место каде што луѓето се среќавале и разменувале вести.

Сепак, со урбанизацијата, просторот на Чаир е значително девастиран, со пренатрупани згради кои не оставаат простор за слободно движење. Останале само старите улици како неми сведоци на некогашниот живот. Една од најголемите грешки што се направила при урбанистичкото планирање на Скопје е што старите сообраќајници биле игнорирани. Особено во десниот дел на градот, кој бил убаво проектиран, но улиците биле пресечени, со што се уништиле природните артерии на градот, како што се случи и во Топана со улицата Прохор Пчињски. Така, градот полека почнува да умира.

Чаир и Топана, како стари маала на Скопје, не само што биле важни културни и социјални центри, туку исто така дале и многу познати личности кои оставиле значаен печат во македонската историја, култура и спорт.

Во Чаир се родени и израснати неколку познати фудбалери кои го претставувале Скопје и Македонија на меѓународно ниво. Еден од најпознатите примери е легендарниот фудбалер Ферхан Хасани, кој започна во фудбалскиот клуб Слога, а потоа продолжи да игра за македонската репрезентација и голем број клубови во Европа. Чаир, со своите спортски традиции, се гордее со многу спортисти кои го претставувале маалото на разни нивоа, и не само во фудбалот, туку и во други спортови како боксерот Бобан Делов.

Цветан Димов

Цветан Димов, роден во Чаир, во старо скопско семејство со мајка Коца и татко Ѓорѓија, е еден од најистакнатите борци за слободата на Македонија. Неговото семејство, кое броело шест деца, било познато по својот напреден дух и посветеност на слободарските идеи. Неговите сестри Веса, Марица и Лена, како и браќата Никола, кој заминал за Америка, и најмладиот брат Душан, твојот дедо, биле дел од ова семејство кое со децении живеело во Скопје и ја носело историјата и културното наследство на градот.

Таткото на Цветан, Ѓорѓија, бил исто така активист и поддржувач на слободарските движења, а самото семејство било длабоко вклучено во борбата за правата на работниците и комунистичкото движење. Цветан Димов бил еден од водечките организатори на работничкото и комунистичкото движење во Скопје и се борел за правата и рамноправноста на македонскиот народ. Неговата посветеност кон идеалите на слободата и социјалната правда го направила значајна фигура во борбата против фашизмот и окупацијата.

Во 1945 година, Цветан Димов е прогласен за Народен херој на Македонија, признание за неговата пожртвуваност и улога во ослободителното движење. Идеалите што ги промовирал – слобода, праведност и рамноправност – ги спроведувал низ целиот свој живот, а за тие вредности го дал и својот млад живот.

Основното училиште кое некогаш го носеше името на Цветан Димов сега е преименувано во „Хасан Приштина“, но гимназијата, која денес е трговско училиште, сè уште го носи неговото име, продолжувајќи да го одржува сеќавањето на овој херој. Цветан Димов останува симбол на борбата за слобода и идеалот за еднаквост на македонскиот народ.

Есма Реџепова

Топаана, пак, како познато скопско маало со големо историско значење, била дом на многу истакнати уметници и интелектуалци. Еден од нив е познатиот актер и уметник Салих Мурат, кој оставил значајно културно наследство и еден од водечките гласови на театарската сцена во Скопје. Многу пејачи и музичари, особено од ромската заедница, потекнуваат од Топана. Се вели дека музиката била и сè уште е душата на маалото, а Топана е местото од каде потекнуваат некои од најпознатите ромски музички ѕвезди, како што е славната  Есма Реџепова, „кралицата на ромската музика.“

Овие маала се живи споменици на богатата културна и спортска историја на Скопје, од каде што потекнуваат многу таленти кои и денес се гордост на градот и државата.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни