Историскиот удар за индустријата на виното и вискито

Британскиот канцелар за финансии Џереми Хант, сигнализира крај на целосното замрзнување на трошиците за алкохолот, со што ќе доведе до зголемување на цените. Цената на едно шише вино може да се зголеми за 44 пени од ова лето, откако канцеларот одлучи да ги замрзне даноците за пивото, но од друга страна сигнализираше казнување за зголемувањата на цените на виното и вискито. Џереми вети „Гаранција на пабовите за Брегзит“ во неговиот буџет, при што попустот се зголеми од 5 на 9,2 проценти, иако канцеларот даде многу малку детали за ветувањето. Со самото намалување на трошоците, ќе се намали цената на точеното пиво за 11 проценти, во споредба со пивото во супермаркетите. Производителите на виното и вискито предупредуваат дека плановите на канцеларот ќе го задушат британскиот бизнис. Целосното замрзнување на трошоците за алкохол ќе заврши на 1 август, што значи дека давачките ќе се зголемат во согласност со инфлацијата од 10,1%. Ефектот врз цените ќе биде поврзан со зголемената царина за пијалоци со поголема јачина планирана како дел од реформите за царина за алкохол, претставени во 2021 година. Според Здружението за вино, цената на секое шише вино кое што во себе содржи повеќе од 12,5 проценти алкохол, ќе биде зголемена за 44 проценти. Додека пак цената на шише вотка може да се зголеми за 76 проценти. 

Извршниот директор на Здружението за вино и алкохолни пијалоци, Мајлс Бил, предупреди дека „осакатувачкото“ покачување на цената на повеќето пијалоци ќе ја зголеми инфлацијата. „Тоа ќе им нанесе повеќе мизерија на потрошувачите. И тоа ќе го оштети британскиот бизнис, особено оние во синџирот на снабдување со угостителство, кои сè уште се обидуваат да закрепнат од пандемијата“, изјави Мајлс. Од друга страна увозникот на вино Даниел Ламберт изјавил дека целокупното влијание ќе доведе до помал приход за Министерството за финансии од продажбата на вино. Ова се случува кога им дозволувате на луѓето што не пијат да добијат контрола. Ова ниво на зголемување на даноците ќе го намали вкупниот принос на државните даночни приходи за вино, а тоа е лошо за потрошувачот, лошо за бизнисот, лошо за инфлацијата и лошо за владата, напиша Ламберт на Твитер. Здружението за шкотското виски нагласи дека зголемувањето на инфлаторните трошоци ќе и нанесат „историски удар“ на индустријата. „ Ние се согласивме со Британската влада дека зголемувањето на царината би било погрешна одлука, донесена во погрешно време, затоа е длабоко разочарувачки  што една од најголемите и најдолготрајните индустрии во Шкотска е третирана на ваков начин“, рече извршниот директор на Здружението за шкотко виски, Марк Кент. 

Тој упати собирен повик до пратениците кои го сакаат шкотско виски,  да го „отфрлат“ порастот, додавајќи: „Ова зголемување на даноците само ги зголемува притисоците врз секторот и ја нарушува посветеноста на владата на Британија да го поддржи вискито“. Иако канцеларот Џереми Хант не успеа да ги придобие фирмите за вино и алкохолни пијалоци, тој избегна повторување на грешката со пивото што ја направија тогашниот канцелар Риши Сунак и премиерот Борис Џонсон во 2021 година, кога за првпат беше објавен предлогот олеснување за пивото.

ИЗВОР: ГАРДИЈАН

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни