Историски пресврт во Унгарија: Виктор Орбан губи, Петер Маѓар води по првите резултати

Првите резултати од изборите во Унгарија покажуваат водство на опозицијата пред Виктор Орбан, додека излезноста руши рекорди.

Во Унгарија почнаа да пристигнуваат првите резултати од парламентарните избори кои може да ја завршат 16-годишната власт на премиерот Виктор Орбан. Според првичните податоци, со обработени околу 6,56% од гласовите, опозициската партија Петер Маѓар и неговата партија Тисза водат по број на освоени мандати.

Распределба на мандати (првични резултати)

  • Тиса: 110 мандати (39 од листа, 71 поединечно)
  • Фидес–КДНП: 71 мандат (45 од листа, 26 поединечно)
  • Ми Хазанк: 9 мандати

Вкупно во парламентот се избираат 199 пратеници.

Изборите се одбележани со историски висока излезност. До 18:30 часот гласале околу 77,8% од гласачите, што е значително повеќе од претходните избори во 2022 година. Аналитичарите оценуваат дека високата излезност не оди во прилог на владејачката партија на Виктор Орбан.

Изборите во Унгарија се следат внимателно и во Европска унија и во САД, бидејќи можат да влијаат на односите со Русија и на пошироките политички движења во Европа.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни