Промоција на публикацијата „Историја на жените во Македонија“ во Скопје

Ново издание ја отвора темата за улогата на жените во општеството од крајот на XIX до средината на XX век

На 18 март од 12:00 до 13:30 часот, во Europe House Skopje ќе се одржи промоција на публикацијата „Историја на жените во Македонија кон крајот на XIX и во првата половина на XX век“, во организација на ХЕРА и Тиииит! Инк.

Настанот ќе ја претстави новата читанка која го истражува придонесот на жените во општествените, политичките и културните процеси во Македонија.

Публикацијата претставува историска читанка која има за цел да го надополни недостатокот на женски наративи во наставата и јавниот историски дискурс. Таа нуди критички пристап кон минатото, со фокус на улогата и искуствата на жените во различни општествени сфери.

Во неа се обработуваат теми како политичкото дејствување на жените, нивната улога како работнички, развојот на женското образование, како и придонесот во здравството и социјалната заштита. Материјалите се базираат на историски извори, сведоштва и фотографии кои ја осветлуваат женската перспектива.

Публикацијата е подготвена од истражувачки тим составен од Петар Тодоров, Јана Трајковска, Дарко Леитнер-Стојанов и Јана Коцевска и е наменета за ученици, наставници, истражувачи и пошироката јавност.

Во рамки на настанот ќе се одржи разговор со авторите, при што ќе се дискутира за процесот на истражување, користените извори и значењето на вклучувањето на женската перспектива во изучувањето на историјата.

Поради ограничен број на места, присуството е можно само со претходна регистрација.

Настанот отвора простор за поширока дебата за видливоста на жените во историјата и нивната улога во обликувањето на општеството.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни