Историјата на кондомите и потребата од мастурбирање

Кога последен пат купивте кондоми и дали воопшто се запрашавте од кога постојат, како се измислени, но и зошто воопшто служат?

Кондомот е најчесто употребувано заштитно средство кое се користи при сексуален однос. Познато е дека штити од несакана бременост и полово преносливи болести, но колку е познато неговото настанување? Иако многумина го сметаат како дел од последните изуми на човештвото, се лажат.

Во периодот помеѓу 13.000 и 10.000 години п.н.е. за прв пат е забележана употребата на кондомот, и тоа на една слика во француската пештера Grotte des Combarrelles. 1.000 години п.н.е. Египќаните носеле таканаречени „ленени обвивки“. Сè уште не е докажано дали тие обвивки служеле како заштита или биле дел од обреден ритуал.

Веќе во периодот помеѓу 1300 и 1500 година од нашата ера, започнале да се користат посебен вид кондоми кои ја покривале само главата на пенисот. Овие кондоми ги користеле само членовите на повисоките класи за да се заштитат од несакана бременост. Во 16 век, Габриел Фалопиус открил дека „ленените обвивки“ штитат од француската болест De Morbo Gallico, која била слична на сифилисот. Сепак нешто подоцна, кон крајот на 17 век, холандските трговци им го претставиле на Јапонците првиот кондом изработен од фина кожа.

Зборот „кондом“ за прв пат се појавил во 18 век

Во 18 век, потеклото на зборот „кондом“ сè уште било непознато. Се претпоставува дека постоел извесен доктор со име Кондом, кој го снабдувал кралот Чарлс Втори со обвивки од животинско потекло. Од друга страна, зборот „кондом“ во латинскиот јазик означува „приклучник“ или „кутија“. Во 1708 година, војводата Џон Кемпбел побарал од Парламентот кондомите да станат илегални. Барањето било одбиено. Во 1717 година, англискиот физичар Даниел Тарнер го изразил своето незадоволство од кондомот, така што објавувал аргументи против неговата употреба. Тарнер сметал дека кондомот не штител доволно од сифилис и ги охрабрувал мажите да не користат кондом затоа што тој им го скратувал задоволството.

Кон крајот на 1890-тите години, за прв пат и официјално било воведено сексуалното образование
Главна тема биле венеричните болести и начинот на кој тие се пренесуваат. Целта на сексуалното образование била да се активира апстиненцијата од секс, како единствен начин на одбегнување на полово преносливите болести. На почетокот на 20-от век, во Америка била забранета употребата на кондоми. За време на Првата светска војна, ова резултирало со најголема стапка на полово преносливи болести – дури 70%. Затоа пак, веќе за време на Втората светска војна, Владата била таа која ги промовирала кондомите и нивната употреба.

Во периодот од 1955 до 1965 година, најупотребувано контрацепциско средство бил кондомот

Во 1957 година, „Дурекс“ го претстави првиот лубрикантен кондом. Во првата половина на шеесетите години од 20-от век, Јапонците најмногу го употребувале кондомот, сметано по глава на жител, во споредба со сите останати нации. За време на сексуалната револуција, употребата на кондоми значително се намалила и многу млади практикувале слободна љубов, без употреба на кондом.
Во 1965 година, Врховниот суд на Америка укинал еден од законите на Комсток. Судот сметал дека е противзаконски да се одбие пристапот до контрацепциски средства затоа што тоа е право на сопствен избор.

Во 1981 година, во весникот Њујорк тајмс била објавена првата сторија за случај на заразен со СИДА
Претседателот Роналд Реган продолжил со сексуалното образование според кое, апстиненцијата е единствениот начин за заштита од полово преносливи болести. Во 1983 година, започнале да се делат едукативни материјали по домовите. Поштата ги доставила сите материјали до Врховниот суд и се повикала на Законот според кој, се забранувало доставување на несакани рекламни материјали за контрацепција. Врховниот суд во Америка ја оценил оваа постапка на Поштата како насилно спречување на слободниот говор.

Подоцна, во периодот помеѓу 1980-та и 1990-та година, бил идентификуван ХИВ – вирусот, а специјалистите потврдиле дека освен апститненција, латекс кондомот претставува одлична заштита од овој вирус. Започнувајќи од 1990 година, постепено почнале да се појавуваат различни видови кондоми, како што се кондомите во боја, ребрастите кондоми, кондомите со вкус, како и првиот полиуретански кондом.

Зошто и покрај секс луѓето имаат потреба од мастурбација

Во последниве години, постоеше идеја дека пристапот до порнографија доведе до премногу мастурбација, предизвикувајќи бран сексуални проблеми и искривени погледи на сексот. Но, една студија минатата недела сугерираше дека воздржувањето од задоволство е исто така лошо и може да го зголеми ризикот од анксиозност, депресија и еректилна дисфункција.

Д-р Питер Канарис, сексуален терапевт од Лонг Ајленд, им препорачува на жените да имаат за цел да мастурбираат или да имаат секс барем еднаш неделно.

„Би рекол дека ако некое лице е склоно и способно да биде активно неделно, тоа е корисно, без разлика дали тоа е преку мастурбација или преку вклучување со партнер“, вели тој.

Д-р Ивон Фулбрајт, експерт за секс, изјави за дека жените треба често да мастурбираат околу нивниот менструален циклус за ублажување на болката.

„Со справување со предменструален синдром (ПМС) и менструални проблеми како болка, човек би сакал да се задоволува повеќе од еднаш месечно“, вели таа.

„ПМС често започнува пет дена пред да започне крварењето и исчезнува во рок од четири дена од почетокот. Значи, би можело да биде корисно да се мастурбира во секој од тие денови“.

Мастурбирањето го зголемува протокот на крв во карличната област, што помага да се ублажи болката. Методот може да се користи и за олеснување на други заболувања како болки во грбот, рече таа. Студија од 2020 година од Универзитетскиот колеџ во Лондон сугерираше дека мастурбирањето еднаш неделно во 40-тите може да помогне да се одложи менопаузата.

Истражувачите следеле 2.936 жени на возраст од 45 години во текот на една деценија и откриле дека оние кои се занимавале со сексуална активност барем еднаш неделно имале 28 отсто помали шанси да влезат во менопауза до крајот на студијата во споредба со жените кои мастурбирале помалку од еднаш месечно. Научниците кои стојат зад студијата сугерираат дека кога жените немаат секс или мастурбираат, телото „избира“ да не инвестира во овулација, предизвикувајќи менопауза.

Според д-р Канарис, за мажите совршено е да мастурбираат дваесет пати месечно или пет пати неделно. Тој рече дека долната граница треба да биде околу седум пати месечно. Д-р Канарис наведе студија од 2016 година на 32.000 мажи, која покажала дека честото мастурбирање го намалува ризикот од рак на простата. Тој ги охрабрил постарите мажи повеќе да мастурбираат бидејќи податоците покажуваат дека тие имаат тенденција да се задоволуваат многу поретко од оние во 20-тите, 30-тите и 40-тите години.

„Добро е да се биде свесен за овие корелациски бројки“, рече тој. „Но, да се мисли дека не успевам затоа што не ја погодувам целта е погрешен начин на гледање на тоа. Ако некој чувствува дека еднаш неделно му е удобно“, тоа е сосема во ред. Не сакам луѓето да мислат дека ако не ги постигнат овие бројки, тогаш се во неволја“.

Студијата од 2016 година, спроведена од истражувачи од Универзитетот во Бостон, покажа дека оние кои ејакулирале повеќе – преку мастурбација или секс – имаат до една третина помала веројатност да добијат рак на простата. Се смета дека овој чин помага да се исчистат супстанциите кои потенцијално предизвикуваат рак од простатата.

Истражувањата исто така покажуваат дека кога луѓето мастурбираат, тоа предизвикува ослободување на наплив на хормони за добро чувство, одговорни за ублажување на анксиозноста, стресот и подигање на самодовербата.

Најново

Последни колумни