Search

Истополовите партнери сега може да бидат регистрирани на осигурувањето на партнерот во Јужна Кореја

Врховниот суд на Јужна Кореја донесе важна одлука за ЛГБТИ+ заедницата, според која истополовите партнери ќе може да користат здравствено осигурување од нивниот партнер, одлука која според активистите го отвора патот за легализација на истополовите бракови во оваа земја.

Со оваа одлука истополовите парови во земјата ќе може да ги регистрираат нивните партнери на нивното здравствено осигурување на ист начин како што тоа го прават брачните двојки или партнерите кои живеат заедно.

Со одлуката донесена вчера, највисокиот суд во Јужна Кореја одлучи дека одбивањето на регистрирање за здравствено осигурување на истополовите партнери само поради тоа што се од ист пол е сериозна дискриминација и нарушување на достоинството и вредностите, нивното право за потрага по среќа, нивната слобода и право на приватност, како и правото на еднаквост пред законот.

Тужбата пред Врховниот суд беше поднесена од Со Сеонг-вок, кој се пожалил во 2021 година дека не може да биде регистриран на државното здравствено осигурување на неговиот партнер Ким Јонг-мин, објаснувајќи дека нивната врска треба да се третира како партнерство. Но, тогаш ваквото барање било одбиено и се побарало од него да плаќа посебно за здравственото осигурување, одлука која била потврдена од понизок суд.

Најново

Последни колумни