Истанбул – совршен град за есенски шопинг

Ако ви е потребна „шопинг терапија“, отпатувајте во Истанбул

Преубавиот град на Босфорот е дом на најдобрите занаетчии и производи со врвен квалитет кои го одразуваат неговиот мултикултурен идентитет. Истанбул на секој чекор нуди незаборавно шопинг искуство – од улици со брендовски продавници до улични базари. Може да најдете лукзузна роба, дизајнерска облека но и традиционални сувенири. Во Истанбул има буквално, сѐ што сакате.

Меѓу најавтентичните искуства што може да ги понуди Истанбул е откривањето на неговите историски чаршии. Најпопуларните од нив, Големата чаршија и Базарот на зачини, беспрекорно комбинираат незаборавни глетки со звуци и бои кои не можете да ги видите никаде на друго место во светот. Потсетувајќи на џиновски лавиринт, Големата чаршија е еден од најстарите и најголемите трговски центри во светот. Талкајќи по улиците на чаршијата, ќе научите за вековните занаетчиски традиции, ќе најдете висококвалитетни производи, вклучувајќи анадолски теписи, кожени производи, рачно изработени светилки и свилена облека и ќе пиете турски чај. Од друга страна, Базарот на зачини нуди визуелна гозба и уникатни мириси на разнобојни производи на штандовите, вклучувајќи зачини и турски деликатеси.

За помодерно шопинг искуство, треба да се упатите кон трговските центри во Истанбул. Освен што нудат огромен број производи, вклучително и луксузни брендови, тие се познати и по нивните ресторани, кафулиња и кина, што ги прави совршени за еднодневно патување со семејството или пријателите.

Истанбул е дом и на трговски улици кои нудат различни продавници, од мали бутици до продавници со врвни брендови. Додека трендовскиот Нишанташи е центар на локални дизајнери, нејзината главна шопинг улица, Абди Ипекчи, е богата со луксузни брендови и бутици, како и со врвни ресторани, кафулиња и уметнички галерии. На страната на Анадолија, улицата Багдат е еден од најдобрите шопинг булевари. Улицата е позната по домашни и интернационални луксузни брендови и ексклузивни дизајнерски продавници. Уште една шопинг адреса со бројни продавници кои продаваат уникатни парчиња, од облека до накит е булеварот Истиклал, кој се протега од плоштадот Таксим до тунелот Бејоглу. Нуди попријатна атмосфера и опуштено шопинг искуство додека талкате низ познатите неокласични аркади кои водат до фантастични продавници и книжарници.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни