Истакнат њујоршки психолог открива што не треба да прават паровите кои се расправаат

Во својата популарна емисија „Couples Therapy“, Орна Гуралник се обидува да им помогне на паровите да поминат преку конфликтите и да најдат решение. Понекогаш тоа значи пронаоѓање на заеднички јазик, додека во некои случаи тоа значи и раскинување. Таа истакнува дека партнерите треба да избегнуваат еден начин на разговор кој не води никаде.

Орна Гуралник, која е клинички психолог и психоаналитичарка од Њујорк и нова главна клиничка директорка на платформата за терапија за парови OurRitual, истакнува дека еден од најважните аспекти од нејзината работа е помагање на луѓето подобро да комуницираат и слушаат. Тоа се две работи кои би требало да одат рака под рака, но доста често меѓусебно се попречуваат.

Постои една специфична врста на разговор, на која според Гуралник, луѓето посетуваат многу време, но никогаш не е продуктивна.

„Кога луѓето ќе започнат разговор со идеја да го убедат својот партнер дека тоа што тој го зборува не е вистина, тоа ќе биде лош разговор, кој никаде не води“ објаснува таа.

Разбирливо е дека сакате вашиот партнер да ги доживува работите на ист начин како вие. Меѓутоа, често кога се обидуваме да докажеме дека нашиот став е точен, не ја слушаме другата страна.

„Мислам дека разговорите одат добро кога се обидувате да сфатите што е најважното нешто што партнерот се обидува да ви го пренесе, наместо да се обидувате да го убедите дека грешат“, вели таа. „Мислам дека тоа е клучното нешто што ја прави разликата помеѓу продуктивен разговор и оној што е ќорсокак.“

Клиничкиот психолог истакнува дека ако се фокусираме на предизвикување на партнерот, тоа може да доведе до тоа личноста да каже непромислени, болни и на крајот непродуктивни зборови.

„Тоа е проветрување и одмазда, а не разговор, и обично е многу бучно и збунувачки. Луѓето се извадени од такт поради сопствените чувства и импулси“.

Обидот да разберете како вашиот партнер дошол до одреден заклучок ќе ви помогне да излезете од конфликтот, наместо уште повеќе да копате во него.

Извор: Н1

Најново

Последни колумни