Исланд ќе одлучува на референдум за влез во Европската Унија

Владата на Исланд планира референдум наесен за продолжување на преговорите за членство во Европската Унија, кои беа прекинати пред повеќе од десет години.
Foto: EPA

Исланд планира да предложи одржување референдум на кој граѓаните ќе одлучуваат дали земјата повторно ќе ги продолжи преговорите за членство во Европската Унија.

Според информациите на јавната телевизија RUV, владата на Исланд следната недела ќе му достави предлог-закон на парламентот, со кој ќе се отвори патот за референдум што најверојатно би се одржал кон крајот на септември.

Исланд ги прекина преговорите за членство во Европската Унија во 2013 година, по четиригодишни разговори со Брисел.

Во последните години, меѓутоа, интересот за приклучување кон Европската Унија повторно расте. Според анкети во земјата, зголемените трошоци за живот и геополитичките тензии, вклучително и војната во Украина, повторно ја отворија дебатата за европската интеграција на островската држава.

Дополнителен фактор што го засили интересот е и прашањето за безбедноста во регионот. Во јавноста се споменуваат и изјавите на американскиот претседател Доналд Трамп за можна анексија на Гренланд, што ја направило темата за европската интеграција уште поактуелна.

Премиерката Криструн Фростадотир во февруари изјави дека референдумот за продолжување на преговорите со Европската Унија би можел да се одржи во наредните месеци.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни