Искуства од Албанија како водич за кампањата за заштита на реката Неретва во Босна



Aктивистите кои се противат на изградбата на хидроцентрали на реката Неретва треба да црпат инспирација од успехот на Албанија во спасувањето на Вјоса.

Секој што патувал на Балканот се враќа со големи импресии за природните убавини на регионот, особено доколку патувале во држава како што е Босна и Херцеговина, со нејзините разновидни пејзажи прекрстени со прекрасни реки.

Едно нешто што ги обединува граѓаните на оваа држава се реките со кои можат да се гордеат : Уна, Босна, Дрина, Сава или Миљачка. Најпозната од сите нив е Неретва, која се протега на околу 225 километри од својот извор во планините Зеленгора и Лебрсник до Јадранското Море.

Највредното културно-историско наследство на Босна – Стариот мост на Мостар за кој минатата недела се одбележа 30-годишнина од неговото уништување за време на војната сега веќе е реконструиран.  Хипнотизирачките води под него и припаѓаат токму на реката Неретва , а величествените  нијанса на овие текови брзо се врежуваат во меморијата на човекот.

Сепак, иднината на реката Неретва е загрозена од изградбата на различни хидроенергетски објекти. Различни невладини организации и активисти од Коалицијата за заштита на реките во Босна и Херцеговина продолжуваат да се соочуваат со влијанието што овие градби ќе го имаат врз целата Неретва, но многумина сметаат дека веќе е доцна.

Според Ред Бул – авантуристичките доајени и спонзори на нуркањето како спорт, Неретва е наречена „најстудената река на земјата“.

Освен нејзината привлечност за зависниците од адреналин, Неретва може да се пофали со уникатен еко-систем, од кој голем дел допрва треба целосно да се истражи. Различните видови на автохтони диви животни кои ги има во водите на Неретва како и флората и фауната напредуваат во овие уникатни услови. Некои од нив, како како што е меката пастрмка , се загрозени.

Заканите за овие живеалишта би можеле да бидат останат трајни. Амир Варишчиќ, од ,,Зелена Неретва’’, ги опишува случувањата како чин на екоцид, масовно уништување на природата од страна на луѓето. Проектот „Горни хоризонти“ ќе пресуши три притоки на Неретва (Буна, Буница и Брегава), додека кинеската хидроцентрала Дабар „ќе уништи четири локалитети Емералд и две Рамсар“.

Додека организациите и здруженијата во Босна се обидуваат да ја пренесат својата загриженост за Неретва, случајот со Албанија не само што може да инспирира, туку може и да понуди  практични решенија за заштита на животната средина.


Реката Вјоса,која извира од планините во Грција и се влева во Албанија во должина од вкупно 272 километри, е слична студија на река која беше загрозена. Околу 45 хидроцентрали беа планирани низ овој простран регион, што е закана која може да предизвика големи промени.  

Но, обемот на активизмот беше таков што албанската влада беше принудена да создаден нов национален парк за заштита на реката и нејзините притоки. Опишан како „првиот европски национален парк Дива река“, примарната цел е „да се заштити природниот биодиверзитет заедно со неговата основна еколошка структура, да се поддржат еколошките процеси и да се промовира образованието и рекреацијата“. Достоен чекор, кој заслужува признание .

Превземањето на овој чекор со право беше опишан како историски, а албанскиот премиер Еди Рама заслужува признание за покажаната храброст. Да имаше Нобелова награда за заштита на животната средина, тој ќе беше силен кандидат, иако неговото тврдење може да биде уништено со предложената изградба на браната Скавица

Како пример, Албанија е добро поставена за остварување соработка со властите на Босна и Херцеговина и да  ги советува за создавање на сличен национален парк кој би ја покривал Горна Неретва , но и подалеку .

Објаснувањето на техничките спецификации за тоа како најдобро да се продолжи – вклучително и советување за тоа каде што е потребно, за да се намали влијанието на предходната власт , истовремено обезбедувајќи мораториум на идните градби – може да ги овласти носителите на одлуки да ги преземат тешките, но потребни чекори.


Примерот на Албанија може да поттикне дебати кои можат да помогнат да се создаде политичка волја  која е потребна за да ги пресече канџите на оние кои имаат лични интереси. Ако Албанија може да го направи тоа, тогаш може и Босна и Херцеговина.

Често споменуваната поделба на Босна неизбежно ја комплицира целата ситуација . Двата ентитета во земјата, Федерацијата Босна и Херцеговина и Република Српска, често се во несогласување и не се подготвени на компромис. Неретва, заедно со другите реки, минува низ самите поделби утврдени со Босанскиот Дејтонски мировен договор од 1995 година.

Но, Албанија, исто така, покажа како да се работи преку јурисдикции, ангажирајќи ја соседна Грција на плановите за прекуграничен парк Аоос-Вјоса (Аоос е грчкото име за реката) кој треба да се воспостави во догледно време.

Меѓународната заедница, исто така, треба да биде подготвена да посвети дополнителни ресурси за да се осигура дека идниот национален парк за Неретва и нејзините притоки ќе донесе  придобивки за погодените локални заедници. Исто така , не треба да се потценуваат и потенцијалните придобивки во однос на градењето доверба и поврзувањето на луѓето.

Албанците протестираат против одлуката на албанската влада да изгради хидроцентрала во реката Вјоса во центарот на Тирана, Албанија, 20 мај 2016 година. Фото: EPA/ARMANDO BABANI

Вјоса и Неретва се природни богатства и за нивното зачувување треба да бидат засегнати сите луѓе,  не само од оние од локалните заедници погодени од таканаречениот „развој“ кој ќе го уништи огромниот туристички потенцијал што постои. Од клучно значење е да го кренат гласот  оние кои се спротивставија на булдожерите бидејќи храбрите напори за директна мобилизација можат да ја спречат изградбата но само на определен период .

Меѓусебната соработка со Албанија и Босна околу еколошките решенија може да помогне да се генерираат домашни решенија за проблемите кои се  глобален интерес. Доколку  владите не ги преземат потребните чекори, оние кои се посветени на зачувување на природата мора да ги постават темелите за потенцијално партнерство.

Решение кое ќе се заснована на примерот  со Вјоса може да ја заштити иднината на Неретва, а истовремено да обезбеди водечка визија за заштита на другите загрозени реки низ Западен Балкан.

Извор: https://balkaninsight.com/2023/11/28/campaigners-for-bosnias-threatened-neretva-can-learn-from-albania/

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни