Ви донесуваме листа од седумте најскапи свадби на познати личности и кралски парови, од покојната принцеза Дајана до ријалити ѕвездата Ким Кардашијан (44).
Погледнете кој потрошил најмногу, како изгледале фустаните и каде љубовта на познатите личности била прославена на најголем можен начин.

Кралот Чарлс и принцезата Дајана
Венчавката на кралот Чарлс и леди Дајана Спенсер на 29 јули 1981 година во катедралата „Свети Павле“ во Лондон беше наречена „венчавка на векот“. Церемонијата ја следеа околу 750 милиони луѓе ширум светот. Венчаницата на Дијана, дизајнирана од Дејвид и Елизабет Емануел, била украсена со 10.000 бисери и имала превез долг 7,6 метри. Вкупните трошоци за свадбата беа проценети на 48 милиони долари, што денес би изнесувало околу 156 милиони долари.

Ванша Митал и Амит Батија
Ќерката на индискиот милијардер Лакшми Митал, Ваниша Митал, се омажи за инвестицискиот банкар Амит Батија во 2004 година во Париз. Шестдневната прослава вклучуваше венчавка во Версајската палата, првиот приватен настан одржан во палатата. Гостите ги забавуваа познати изведувачи, меѓу кои и Кајли Миног и Шахрук Кан. Се проценува дека свадбата чинела 55 милиони долари.

Принцот Вилијам и Кејт Мидлтон
Принцот Вилијам и Кејт Мидлтон се венчаа на 29 април 2011 година во Вестминстерската опатија во Лондон. Кејт носеше венчаница од Александар Меквин вредна околу 434.000 долари. Вкупните трошоци за свадбата беа проценети на 34 милиони долари, при што поголемиот дел од сумата беше потрошена за безбедносни мерки.

Ким Кардашијан и Канје Вест
Ким Кардашијан и Канје Вест се венчаа на 24 мај 2014 година во Форте ди Белведере во Фиренца, Италија. Киријата за локацијата чинеше околу 409.000 долари. Венчаницата на Ким, дизајнирана од Живанши, е проценета на 500.000 долари. Вкупните трошоци за свадбата беа околу 2,8 милиони долари.

Мајкл Џордан и Ивет Приет
Кошаркарската легенда Мајкл Џордан се ожени со моделот Ивет Приет на 27 април 2013 година во црквата „Бетесда-бај-д-Си“ во Палм Бич, Флорида. Прославата се одржа во луксузен шатор на голф теренот, а меѓу гостите беа познати изведувачи како Ашер и Робин Тике. Се проценува дека свадбата чинела околу десет милиони долари.

Том Круз и Кејт Холмс
Том Круз и Кејт Холмс се венчаа на 18 ноември 2006 година во замокот Одескалки во близина на Брачано, Италија. На церемонијата присуствуваа бројни познати личности како Вил Смит, Џенифер Лопез и Дејвид Бекам. Се проценува дека свадбата чинела околу два милиони долари.

Челзи Клинтон и Марк Мезвински
Челси Клинтон, ќерка на поранешниот американски претседател Бил Клинтон, се омажи за инвестицискиот банкар Марк Мезвински на 31 јули 2010 година во Рајнбек, Њујорк. Венчавката се одржа во имотот Астор Кортс, а меѓу гостите беа познати личности како Опра Винфри и Вера Ванг. Се проценува дека свадбата чинела помеѓу два и три милиони долари.