Американскиот аплинист Алекс Хонолд направи невиден подвиг искачувајќи го облакодерот Тајпеј 101 во Тајван, без притоа да користи јажиња и заштитна мрежа.
Овој подвиг кој се емитувал и во живо на Натефликс отвори бројни дилеми околу легалноста на целиот потфат, имајќи предвид дека лесно можело да дојде до трагичен исход.
Но, на крајот, искачувањето на Холонд било легално – тој имал официјална дозвола од менаџментот на Тајпеј 101 и од градските власти.
Според информациите искачувањето било формално организиран настан, со поддршка на Taipei 101 и градската власт, а не „илегално качување“ како што прават некои урбани алпинисти
Пред настанот имало долг процес на договарање и одобрување: управата на Taipei 101 прво одбила ваква идеја пред повеќе години, но потоа дала дозвола по детални безбедносни подготовки и координација со десетици институции.
Хонолд сам кажал дека размислувал да се качи без дозвола, но од почит кон зградата и луѓето што работат таму решил да го прави тоа само ако добие официјално зелено светло.
Во спротивно, доколку се качувал без дозвола, тоа најверојатно би било кршење на правилата на објектот и локалните закони (опасно однесување, загрозување на јавна безбедност итн.), но во овој случај сè било формално одобрено.
Претходно, Хонолд испратил и писмен допис а иако нема јавно објавен целосен текст од писмото, сепак постојат неколку клучни детали што се знаат од претходните изјави.
Што сигурно содржело писмото?
Во дописот, Хонолд ги спомнал своите близначки ќерки и фактот дека е татко, за да покаже дека не е безумен „адреналин зависник“, туку човек кој сериозно размислува за ризикот и последиците.
Посебно нагласил дека е длабоко посветен на безбедноста: дека никогаш не би направил ваков потфат без долга подготовка, анализа и минимизирање на ризикот колку што е можно за нешто што по дефиниција е опасно.
Објаснил дека искачувањето на Taipei 101 му е долгогодишен сон и дека сака тоа да го направи легално и со почит кон зградата, вработените и градот, наместо „на диво“.
Хонолд не е првиот алпинист кој се искачил на облакодерот, но е првиот што го направил тоа без јаже.
