Исчистени над 40 тони отпад од Клиниката за детски болести – партнерство со РЕДИ Рециклажа

Расчистувањето е дел од серија од 11 инфраструктурни и медицински проекти кои Клиниката ги реализираше во изминативе 11 месеци

На Клиниката за детски болести во Скопје е спроведена темелна акција за расчистување на над 40 тони стар мебел, медицински инвентар и електронска опрема, што со години беа складирани во просториите на установата.

Акцијата за првпат беше изведена во партнерство со социјалното претпријатие „РЕДИ Рециклажа“, кое работи според лиценцирани еколошки стандарди и активно се залага за формализација на неформалните собирачи на отпад.

Расчистувањето е дел од серија од 11 инфраструктурни и медицински проекти кои Клиниката ги реализираше во изминативе 11 месеци, со цел да се подобрат условите за лекување на најмладите пациенти. Со отстранување на акумулираниот отпад се создаде простор за нова медицинска опрема, а воедно се елиминираа потенцијални ризици од инфекција.

Од „РЕДИ Рециклажа“ информираат дека биле одговорни за селекција, безбеден транспорт и еколошка обработка на неопасниот отпад, во согласност со принципите на циркуларна економија. Компанијата истакнува дека ваквите партнерства со јавни установи покажуваат како социјалните претпријатија можат да спојат еколошка одговорност со вклучување на ранливи групи на пазарот на трудот.

Директорот на Клиниката најави дека и во следната фаза од обновата, приоритет ќе имаат одржливи решенија што комбинираат здравствени, социјални и еколошки придобивки.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни