„Исчезнување во пејсажот„ е нова изложба на фотографии на Сара Сасани која ќе биде отворена на 7 јуни во 20.00 часот во КИЦ.
Фотографиите од оваа колекција се создадени по многубројните патуваьа на авторката низ
различни делови од Иран. Таа долго време се грижи за животната средина во земјата и се обидува да jа прикаже преку убави пејзажи, но со текот на времето и поради деструктивните ефекти кои средината ги има врз неа, авторката одлучува да користи алтернативна техника на принтање.
Пејзажите се прикажани преку создаванье на ситуација која укажува на исчезнуваньето и
уништуваьето на природата, користејќи го внатрешниот израз на оваа техника – со цел да ja предупреди публиката за оштетуватьето и уништувањето на околината.
“Животната средина и нејзините проблеми отсекогаш ми биле грижа, и секогаш сум се стремела да делувам одговорно, да ги преиспитувам еколошките прашања во моите дела и да ja подигнам
свеста ка публиката. Бидејќи сум „човек” нераскинливо поврзан со природата, започнав поинакво искуство преку создаваье алтернативни фотографии, обидувјќи се да го нарушам ликот на природата како знак на нејзината ранливост. Овие алтернативни принтови, кои повторно имаат за цел да информираат и инспирираат – особено влади и оние со одлучувачка и извршна моќ – откриваат едно поинакво лице на природата. Во овој проект, аj обработувам темата за природата и промените предизвикани од урбанизацијата, човечката интервенција и конзумеризмот во овој
климатски контекст. Со користеье на алтернативната техника на принтаье, создавам ситуација што укажува на исчезнуваьето и уништуваньето на животната средина – што е суштинска карактеристика на самата техника – со цел да се создаде единствено дело кое jа комбинира и поврзува оштетената и ранлива природа.
Дополнително, малата димензиза на делата е симбол на постепеното намалуванье и уништуваье на природата и животната средина.