Исчезнатото магаре пронајдено по пет години во стадо елени

Магарето Диесел, кое исчезна во 2019 година, е виден во стадо канадски елени во дивината во Калифорнија, пишува HuffPost.

Диесел беше забележан на крајот на март оваа година од ловецот Макс Фенел, кој го сподели видеото од магарето и елените на својот Инстаграм. Видеото е прегледано повеќе од 2,6 милиони пати.

„Ова е веројатно едно од најлудите ловечки патувања што некогаш сум ги имал. Налетав на стадо елени кои посвоија магаре. Не можам да престанам да се восхитувам на глетката и сум изненаден што магарето изгледа среќно и здраво“, напиша Фенел во својата објава.

Сопствениците на Диесел, Тери и Дејв Друри, изјавија во неодамнешното интервју за CBS Sacramento дека магарето во видеото е дефинитивно Диесел. Диесел исчезна во 2019 година. Магарето побегнало откако слушнало нешто што го исплашило. Сопствениците со недели го барале

„Тој го живее животот во потполност“, рече Тери Друри. „Тој е среќен, здрав е и ова е големо олеснување за нас.

Диесел успеал да преживее без луѓе, бидејќи пораснал како диво магаре. Двојката Друри го вдомила преку програмата на Бирото за управување со земјиштето, чија цел беше да се намали бројот на коњи и магариња кои шетаат по јавните земјишта.

Фото: принтскрин

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Најново

Последни колумни