Поради проблеми со серверите на социјалната мрежа претходно позната како Twitter, а сега Х исчезнаа голем број на фотографии. Фотографиите што корисниците ги имаа објавено пред декември 2014 година одеднаш исчезнаа од платформата, вклучувајќи и некои веќе легендарни како селфито на Елен Деџенерис од Оскарите.
„Тажната вистина е дека во моментов нема совршени социјални мрежи. Можеби нема да успееме, како што многумина предвидуваа, но ќе дадеме се од себе барем да продолжиме да постоиме“, напиша Маск откако апликацијата падна.
„Нов вандализам од Илон Маск. Twitter сега ги отстрани сите објави направени пред 2014 година. Тоа е речиси една деценија слики и видеа од раните 2000-ти кои повеќе не постојат“, се налутија корисниците.
Во меѓувреме, некои фотографии, како што е селфито од оскарите споменатото погоре, се вратени, но повеќето други фотографии се неповратно изгубени.
До проблемот дојде откако X намерно го забави пристапот до страниците на ривалските платформи како што се Threads, Facebook и Instagram, како и страниците на новинските организации како Њујорк Тајмс минатата недела. Се чини дека X додаде доцнење од околу пет секунди кога луѓето кликнуваат на линковите објавени на платформата.
Постојат шпекулации дека проблемот со сликите би можел да се должи на обидот X да обезбеди повеќе простор на своите сервери.
Извор: Index.hr