Исчезна авион со 50 патници над Русија

Руската контрола на летање соопшти дека изгубила контакт со патнички авион Антонов Ан-24, во кој се наоѓале околу 50 луѓе, пренесува Reuters повикувајќи се на руски извори.

Според информациите на порталот SHOT, авионот, управуван од авиокомпанијата Angara, бил на пат кон градот Тинда во Амурската област, на крајниот исток од Русија, близу границата со Кина.

Се верува дека авионот исчезнал само неколку километри пред да слета.

Гувернерот на регионот, Василиј Орлов, изјави дека според првичните податоци, во авионот имало 43 патници, меѓу кои и пет деца, како и шест членови на екипажот.

„Сите расположливи служби и ресурси се веќе испратени на терен и трагаат по авионот,“ напиша Орлов на Телеграм.

Се очекуваат повеќе информации во текот на денот.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни