Ирвасите на Дедо Мраз мора да се женки, мажјаците во зима немаат рогови

Во овие празнични денови ирвасите се вистински ѕвезди. Тие се неизоставен дел од магијата на новогодишните и божиќните празници. Во продолжение споделуваме интересни факти за овие животни.

Рогови им растат и на женките и на мажјаците. Мажјаците ги отфрлаат роговите во есен, додека женките ги чуваат и во текот на зимата и ги отфрлаат на пролет. Тоа значи дека ирвасите на Дедо Мраз мора да се женки.

Ирвасите имаат очи, чија боја се менува. Во текот на зимата од жолта, бојата на очите им се менува во сина. Тоа им помага да најдат храна и да ги избегнат предаторите во текот на долгите, темни ноќи на Арктикот.

Некои домородни групи ги користат ирвасите во текот на годината и тие навистина влечат санки во снегот. Нивната помош е од витално значење за носење храна, транспорт, како и за облека во регионот на Арктикот.

Копитата на ирвасите сезонски се менуваат. Во зима се потврди и поголеми за полесно да газат низ снегот, додека во лето се помали и помеки.

Носот на ирвасите речиси и да е црвен. Нивните носеви имаат вени коишто им ги затоплуваат ладниот воздух при вдушувањето и ги заштитуваат од замрзнување.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни