„Ирвасче“ – новата серија на Нетфликс крена голема прашина зборувајќи за неспособноста на општествата да ги заштити жртвите на насилство

На Нетфликс од неодамна се емитува серијата „Ирвасче“ која е исклучително важна за ова време во кое живееме сега од неколку аспекти, за кои ќе читате подолу. Естетиката и камерата на оваа серија е оригинална и начинот на кој се ловени експресиите на ликовите дури помалку и Тим Бартоновска. Ова е серија во која се зборува за сексуално малтретирање, психичко вознемирување и силување на еден маж, за неговата желба да успее премижувајќи и занемарувајќи го овој настан кој подоцна ќе му ја донесе посакуваната слава која тој толку ја посакувал, откако ќе ја раскаже јавно на еден негов настап како стенд ап комичар.

Главен лик во серијата е Ричард Гад, кој се јавува и како автор и истата ја снима по вистинска приказна која му се случила нему. Тој е младо момче кое сака да успее како комичар и постојано пробува пишувајќи текстови, настапувајќи и слично. Меѓутоа некако не му оди од рака, сѐ додека еден ден не се запознае со еден моќен средовечен човек од таа индустрија, познат сценарист, кој всушност имал задни намери. Тој го намамува во неговиот дом  Дони, како што се вика главниот јунак во серијата и Дони оди постојано во неговиот дом, се дрогираат, а силувачот тоа го искористува и Дони по таа случка веќе не знае ни што е по сексуална определба.

И самиот Дони во својата јавна исповед ќе каже, свесно одев кај него иако знаев дека тој има задни намери, ама желбата за слава и да успеам ми беше поважна. До каде се луѓето подготвени да одат за да успеат, до самиот чин на силување?

А копнеел по слава, за да не биде осудуван, за да не го мери околината по ова или она, туку едноставно да биде славен и да биде препознаван единствено по тоа.

Вториот главен лик е Марта, која е средовечна жена, неугледна, обезна која станува опсесивно манијакално окупирана со Дони, за кој верува дека се во врска единствено само заради тоа што Дони ја чести еден чај во пабот каде што работи. Оттогаш почнува страшната и вознемирувачка приказна на следење, пишување маилови, малтретирање на сите од околината на Дени. Таа го вознемирува Дени и сексуално и емоционално, вистински насилник, за која на крајот од серијата се открива дека е всушност и самата малтретирана во нејзиното детство, а единстевн убав спомен од детството и е играчката ирвасчето, по кое го нарекува и Дони.

Ричард Гад (роден во 1989 година) е шкотски актер, комичар и писател, најпознат по својата улога во серијата „Ирвасче”, која тој не само што ја игра, туку и ја креира. Оваа серија е интроспективен поглед во животот на Гад, преку кој ги споделува своите животни искуства, вклучувајќи ги искуствата со сексуално насилство кои го обликуваат како личност.

Гад преку својата улога не само што го презентира своето лично искуство со насилство, туку и ги истражува неспособностите на заедницата и системот да ги разбере и заштити жртвите. Преку вкупниот раскажан есејски стил на серијата, тие теми добиваат нова длабочина и значење.

Сценариото на „Ирвасче” се базира на Гадовото животно искуство, вклучувајќи ги неговите сопствени ситуации на насилство и неспособноста на заедницата да го заштити. Главниот лик, исто така и авторот во реалниот живот, се соочува со две различни, но исто толку тешки ситуации. Откривањето на силувањето од страна на авторитет во областа е шокантно, исто како и искуството на прогонство и насилство од страна на жена.

Оваа приказна нуди длабок преглед во емотивниот свет на жртвите на насилство и ги поставува важните прашања за односот на општеството кон нив.

Во серијата  Ричард Гад смело го прикажува општественото неразбирање што ги следи овие жртви на сексуално и емоционално насилство. Гад ја разоткрива неспособноста на заедницата да разбере или да ја прифати вистинската природа на тие драми, насочувајќи се кон зачувување на општествениот мир и моралната конструкција што понекогаш стои зад него.

Осврнувајќи се на душевните последици за жртвите, Гад ја истакнува загубата на самодоверба и овозможувањето на чувството на вина, како и неуспешните обиди да се разберат мотивите на насилникот. Тој сугерира дека трагедијата не завршува со самото насилство, туку продолжува со недостатокот на поддршка и разбирање од општеството. И најмногу од сѐ тој зборува за најголемиот инвалидитет, Гад станува емоционален инвалид и не е е во состојба да се вљуби и да сака иако набрзо потоа тој влегува во врска со една транс жена која како што раскажува е прекрасна но тој  не може да и пружи љубов, осакатен е за цел живот.

Серијата отворено зборува за бисексуалци, транс лица и ги претставува како дел од општеството, нормални и прифатливи. Оваа отвореност и вклученост се важни за поставување на пример и креирање на посредништво во општеството.

Оваа серија е од суштинско значење за секој, бидејќи нѝ нуди можност да ги разбереме жртвите на насилство и да ги препознаеме нивните искуства. Преку длабоко исфрлени ликови и реалистично прикажани ситуации, Гад не само што нè поттикнува да ги сфатиме нивните маки, туку и да ги прифатиме како членови на општеството што имаат потреба од нашата поддршка и разбирање.

Преку серијата тој повикува да се соочиме со реалноста на насилството и неговите последици. Одлучноста на Гад да ги претстави овие проблеми на екранот не само што ги демистифира овие ликови, туку и ни дава насоки како да ги прифатиме и како да им помогнеме.  

Со разбирање и поддршка, жртвите на насилство можат повторно да се вклучат во „нормален живот”. Преку раскажување на нивните искуства и борбата за надминување на тешкотиите, серијата создава простор за исклучување и вклучување, што е од суштинско значење за развојот на човековото општество.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни