Со оваа турнеја тие одбележуваат 50 години од формирањето на бендот од страна на СТив Харис во 1975 година и најавуваат специјален сет. Бендот ќе свири песни од нивните први девет студиски албуми – од „Iron Maiden“ до „Fear of the Dark“.
Турнејата започнува на 27 мај во Будимпешта, а засега закажни се концерти во Чешка, Словачка, Норвешка, Данска, Шведска, Финска, Англија, Ирска, Шкотска, Франција, Шпанија, Португалија, Швајцарија, Германија, Италија, Австрија, Холандија и Полска.
„Следната година е посебна за Iron Maiden и на фановите ќе им понудиме уникатно исксутво во живо. Ова е турнеја што ќе ви предизвика насмевка на лицето и веселба во грлото. Ако сте биле на наш концерт претходно, тогаш подгответе се да го подигнете тоа искуство на сосема ново ниво. Ако никогаш порано не сте не виделе, тогаш што по ѓаволите чекавте? Сега имате шанса да дознаете што пропуштивте“ изјави пејачот Брус Дикинсон.
Менаџерот на бендот Род Смолвуд истакнува дека на турнејата ќе се изведуваат најдобрите песни од првите девет албуми на бендот, многу од кои не се свирени со години и многу кои веројатно нема да бидат свирени потоа.