Панахи (64) по 15 години првпат имаше можност да присуствува на Канскиот фестивал и да ја прими наградата, која му ја додели претседателката на жирито, француската актерка Жилје Бинош.
По добивањето на наградата, режисерот изјави дека најважната работа е слободата на неговата земја.
Панахи, кој двапати бил затворен во Иран и долго време не можел да ја напушти земјата, ветува дека по фестивалот ќе се врати дома, и покрај ризикот од негативна реакција од властите.
Со доделувањето на Златната палма вечерва заврши Канскиот фестивал, кој почна на 13 мај, а на кој за главната награда се натпреваруваа 22 филма.
За време на фестивалот беа прикажани и документарни филмови за Украина, на ден посветен на воениот конфликт во земјата.
Организаторите истакнаа дека Денот на Украина е посветен на сеќавање на ангажманот на уметниците, авторите и новинарите кои зборуваат за конфликтот во срцето на Европа, кој веќе три години го погодува украинскиот народ и целиот свет.
Во рамки на фестивалот се дискутираше и за војната во Појасот Газа, а целокупниот програм имаше изразен политички ангажман.
Фестивалот започна со доделување почестена Златна палма на Роберт де Ниро (81), холивудски великан кој го критикуваше американскиот претседател Доналд Трамп.