Иран возврати – ракети паѓаат на северот на Израел, сирените се огласија низ земјата

Само часови по израелско-американскиот напад врз Техеран, Иран лансира балистички ракети кон Израел. Противвоздушната одбрана е активирана. Засега нема потврдени жртви.

Иран денес лансираше балистички ракети кон Израел, само часови откако израелските и американските воени сили ги започнаа ударите врз Техеран во рамките на операцијата „Штит на Јуда”. Израелските одбранбени сили потврдија дека ракетите се насочени кон израелска територија, а сирени огласени низ повеќе области во земјата. Воздухопловниот систем е во полна готовност.

Ракети над Израел

Сирените огласени во Тел Авив и низ централниот Израел по иранскиот ракетен напад — втор во текот на денот. Израелската армија соопшти дека противвоздушните системи работат на пресретнување, а граѓаните се повикани веднаш да влезат во засолништа.

Итната служба Маген Давид Адом соопшти дека засега нема извештаи за повредени. Најмалку две ракети биле лансирани, а една удрила во отворена површина.

Контекстот на денешниот ден на Блискиот Исток

„Пред кратко американската армија започна со главни борбени операции во Иран”, објави претседателот Трамп на Truth Social. Израелскиот премиер Нетанјаху изјави дека нападите имале за цел да отстранат „егзистенцијална закана” и дека заедничката акција со САД ќе создаде услови иранскиот народ сам да ја земе судбината во свои раце.

Иранскиот врховен лидер Хаменеи не е во Техеран — префрлен е на тајна локација, потврди ирански официјалец за Ројтерс.

Ирак го затвори воздушниот простор. Американските амбасади во Катар и Бахреин ги повикаа своите граѓани да се засолнат. Паралелно со воените удари, главните ирански медиуми и апликации претрпеа масовни кибернапади.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни