Иранската Револуционерна гарда (IRGC) соопшти дека утринава извела масовен напад со поморски дронови врз воздушната база Ал-Дафра, која се наоѓа на околу 30 километри јужно од Абу Даби.
Според информациите објавени од новинската агенција Тасним, единицата за поморски дронови на IRGC ја извршила операцијата рано изутрина, при што биле таргетирани клучни воени објекти во рамките на базата.
Ал-Дафра се смета за една од најважните воздушни бази во регионот на Персискиот Залив и служи како значаен центар за операции на американските сили во областа на Ормускиот Теснец.
Во нападот, според соопштението на иранската страна, биле погодени центар за воздушно војување, центар за сателитска комуникација, како и радари за рано предупредување и системи за контрола на огнот.
Нападот доаѓа во време на растечки тензии на Блискиот Исток, откако конфликтот меѓу Иран, Израел и нивните сојузници во последните денови значително ескалира.