Иранската студентка Абоу Дариае стана синоним за слобода на жените, храброст, пркос и отпор

Таа е уапсена откако се соблече на јавно место во својата татковина во знак на протест поради малтретирањето од страна на безбедносните служби, пренесоа француските медиуми

Храброста на иранската студентка (како што ја претставуваат на социјалните мрежи) Абоу Дариае го освои светот. И покрај репресијата во Иран и опасноста по нејзиниот живот, таа одлучи да му пркоси на режимот и да ја бара својата слобода и почитување на правата на жените, со тоа што во знак на протест против насилно наметнување на носење бурка, шеташе во долна облека.

Таа е уапсена откако се соблече на јавно место во својата татковина во знак на протест поради малтретирањето од страна на безбедносните служби, пренесоа француските медиуми.

Младата жена, која е студентка на престижниот Универзитет „Азад“ во Техеран, била малтретирана од безбедносни агенти кои сметале дека таа не го почитува задолжителниот исламски кодекс на облекување.

Во знак на протест, младата жена се соблече во долна облека пред универзитетот.

Нејзиниот протест беше снимен, а видеото беше поставено на социјалните мрежи и предизвика живи дискусии. Жената е уапсена, а од нејзиното апсење, нејзината судбина останува непозната.

„Иранските власти мора веднаш и безусловно да ја ослободат младата жена“, напиша на мрежата Х организацијата за човекови права „Амнести Иран“, која е огранок на „Амнести интернешенел“.

Превземемо од Civilmedia.mk

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни