Иранците се собираат за да погребаат 60ина воени офицери и нуклеарни научници

Фотографиите прикажуваат ковчези покриени со ирански знамиња и портрети на паднати команданти во униформа

Иран денес одржува државен погреб за околу 60 високи воени офицери и нуклеарни научници убиени за време на 12-дневната војна што ја започна Израел. Неколку високи команданти на иранските вооружени сили, како и десетина нуклеарни научници, беа убиени во израелското бомбардирање.

Иранските власти им оддаваат почит со државен погреб во сабота наутро. „Сабота ќе биде историски ден за исламски Иран и историјата на револуцијата“, изјави Мохсен Махмуди, верски службеник за покраината Техеран, на државната телевизија.

Рано утрово, иранските медиуми ги објавија првите слики од погребните поворки на „мачениците од војната наметната од ционистичкиот режим“. Фотографиите прикажуваат ковчези покриени со ирански знамиња и портрети на паднати команданти во униформа.

Израелците тврдат дека им нанеле силен удар на нуклеарните амбиции на Иран.

Врховниот лидер Али Хамнеи, кој е на власт од 1989 година, во минатото ги водеше државните погреби, вклучително и минатата година по смртта на претседателот Ебрахим Раиси во хеликоптерска несреќа. Но, не е потврдено дали тој ќе се појави денес.

Висок израелски воен претставник вчера изјави дека Израел убил повеќе од 30 високи безбедносни функционери и 11 водечки нуклеарни научници во обид да им нанесе тежок удар на нуклеарните амбиции на Иран. Иран негира дека развива нуклеарно оружје и вели дека има право да спроведува цивилна нуклеарна програма.

Според Министерството за здравство на Иран, најмалку 627 цивили биле убиени, а речиси 4.900 повредени за време на 12-дневната војна. Во иранската одмазда против Израел загинале 28 лица, според израелските власти.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни