Иранците: Кина и Русија нè предадоа

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека „неоправданите“ американски напади врз иранските нуклеарни постројки го изложуваат светот на сериозна опасност и вети дека ќе се обиде да им помогне на граѓаните на Исламската Република – иако не прецизираше како.
epa12182449 The Iron Dome, the Israeli air defense system, intercepts missiles fired from Iran, over Tel Aviv, Israel, 17 June 2025. Israel and Iran have been exchanging fire since Israel attacked Iran on 13 June 2025 as part of operation 'Rising Lion'. EPA-EFE/ABIR SULTAN

Американскиот претседател Доналд Трамп и Израел јавно шпекулираа за можен атентат врз врховниот лидер ајатолахот Али Хамнеи и за промена на режимот – потези што, според Русија, можат да го вовлечат целиот регион во деструктивен вооружен конфликт.

Путин денес во Кремљ го прими иранскиот министер за надворешни работи Абас Аракчи, заедно со рускиот шеф на дипломатијата Сергеј Лавров, советникот за надворешна политика на Кремљ Јуриј Ушаков и директорот на воената разузнавачка служба ГРУ, Игор Костјуков.

„Апсолутно неиспровоцираната агресија врз Иран нема никаква основа ниту оправдување“, изјави Путин пред Аракчи, додавајќи дека сака да разговара за начини за смирување на кризата. „Од наша страна, вложуваме напори за да му помогнеме на иранскиот народ“, рече тој.

Иран не е импресиониран од руската поддршка

Според висок извор цитиран од Ројтерс, Аракчи требало да му предаде лично писмо од ајатолахот Хамнеи на Путин, во кое врховниот лидер бара поголема поддршка од Москва. Меѓутоа, од руската страна нема потврда дека вакво писмо било предадено.

Иран, според ирански извори на Ројтерс, не е импресиониран од досегашната поддршка од Русија и очекува Путин да направи повеќе за да го поддржи Техеран во соочувањето со Израел и САД. Властите во Техеран чувствуваат дека Русија, како и Кина, не направиле доволно и сметаат дека се изневерени од страна на овие големи сили. Изворите не прецизираат каков вид помош очекува Иран.

Путин, чии сили водат војна во Украина, засега покажува мал интерес за директен конфликт со САД околу Иран, во време кога Трамп се обидува да ги подобри односите со Москва, забележува Ројтерс. Иако Русија во јануари потпиша договор за стратешка соработка со Иран, во документот не беше вклучена клаузула за меѓусебна одбранбена поддршка.

Извор: Index.hr

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни