Иранските државни медиуми вчера објавија снимки на кои се гледаат десетици антени на „Старлинк“, наводно запленети од иранските разузнавачки служби. Потврдено е дека запленетите предмети вклучуваат најмалку 60 мини сателитски антени на „Старлинк“, стотици 5G рутери од телекомуникациската компанија „Ду“ со седиште во Дубаи и друга неидентификувана опрема. Нема индикации дека „Старлинк“ или „Ду“ дејствувале нелегално, а и двајцата се контактирани за коментар, објави „Скај њуз“
Запленувањето се случува пет дена откако иранската влада го исклучи пристапот до интернет во поголемиот дел од земјата, а прекинот сега влегува во шестиот ден. Како одговор на тоа, Иранците се обидуваат да го користат Starlink, кој се поврзува на интернет преку сателит, за да ги заобиколат ограничувањата.
Видео снимено претходно оваа недела во северен Иран покажува човек како ја користи батеријата на својот автомобил за да напојува мини антена на Starlink додека вози, обезбедувајќи брз интернет на својот телефон.
Црниот пазар и покрај забраната
И покрај строгата национална забрана, неколку онлајн продавници моментално нудат терминали на Starlink за продажба во Иран. „Скај њуз“ разговараше со кинески државјанин на Филипините, кој управува со една таква продавница со повеќе од 37.000 следбеници на Инстаграм.
Според него, тој добива повеќе од 100 барања дневно, а терминалите се претежно шверцувани од соседен Ирак.
