Иран предупредува: Ако САД ги нападне нашите пристаништа, следи жесток одговор

Техеран најави дека пристаништата во регионот ќе станат „легитимни цели“ доколку бидат нападнати иранските пристаништа во Ормускиот Теснец.

Иран предупреди дека пристаништата во регионот ќе станат „легитимни цели“ доколку бидат нападнати иранските пристаништа, изјави портпарол на иранската војска.

Заканата доаѓа кратко откако американското Централно командување (CENTCOM) ги повика цивилите во Иран „веднаш да се оддалечат“ од сите пристанишни објекти во Ормускиот Теснец каде што делуваат иранските поморски сили.

Портпаролот на иранската војска порача дека Техеран ќе возврати со напади врз пристаништа во регионот доколку бидат погодени иранските пристанишни објекти.

Да потсетиме, американското Централно командување (CENTCOM) претходно ги предупреди цивилите во Иран веднаш да се оддалечат од сите пристанишни објекти во Ормускиот Теснец што ги користи иранската морнарица.

Во соопштението се наведува дека иранските власти користат цивилни пристаништа за воени операции кои претставуваат закана за меѓународниот поморски сообраќај. CENTCOM предупредува дека таквите објекти, според меѓународното право, го губат статусот на заштитени цивилни цели и можат да станат легитимни воени мети.

Американската војска ги повика пристанишните работници, административниот персонал и екипажите на трговските бродови да се држат подалеку од иранските воени бродови и воена опрема. Воедно предупреди дека не може да ја гарантира безбедноста на цивилите во или во близина на објектите што Иран ги користи за воени цели.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни