Иран се закани: Ако ги нападнат нашите енергетски постројки, ќе ги гаѓаме американските компании

Иран предупреди дека ќе ги гаѓа постројките на американски компании во регионот доколку неговата енергетска инфраструктура стане цел на нови напади.

Иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи изјави дека Иран ќе одговори на секој напад врз својата енергетска инфраструктура со напади врз постројки на американски компании во регионот, пренесува агенцијата Тасним, поврзана со Иранската револуционерна гарда.

„Ако иранските постројки станат цел на напади, нашите сили ќе ги гаѓаат постројките на американски компании во регионот или на компании во кои САД имаат удел“, изјави Арагчи.

Тој додаде дека Иран „сигурно ќе одговори на тие напади“, но дека ќе се обиде да избегне гаѓање густо населени подрачја.

Изјавата доаѓа неколку часа откако американската војска го нападна островот Харг, клучна точка за иранскиот извоз на нафта преку која поминува околу 90 проценти од иранската нафта.

Иранската новинска агенција подоцна објави дека американските сили ја гаѓале противвоздушната одбрана, поморската база, контролната кула на аеродромот и хангари за хеликоптери.

Според истите извори, нафтената инфраструктура на островот не била оштетена.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни