Иран е блиску до постигнување договор со Кина за купување супсонични наведувани ракети наменети за уништување бродови, во момент кога Соединетите Американски Држави распоредуваат значителни поморски сили во близина на иранскиот брег, во пресрет на можни удари врз таа земја, изјавиле шест извори запознаени со преговорите.
Изворите за Ројтерс навеле дека договорот за набавка на ракети од кинеско производство, модел CM-302, е блиску до финализирање, иако сè уште не е договорен датумот на испорака.
Овие надзвучни ракети имаат дострел од околу 290 километри и се дизајнирани да ја избегнат бродската одбрана, летајќи на мала височина и со голема брзина.