Иран погодил американски F-35? „Невидливиот“ ловец принудно слета по мисија

Американски F-35 принудно слета по мисија над Иран, со сомнежи дека бил погоден од ирански оган. Дали ова е прв успешен удар врз „невидливиот“ ловец?


Американски борбен авион F-35 бил принуден на итно слетување во американска база на Блискиот Исток по борбена мисија над Иран, објавија американски воени извори.

Пилотот е во стабилна состојба, а причините за инцидентот сè уште се утврдуваат. Според првичните информации, авионот претрпел оштетувања за време на летот.

Извештаи на американски медиуми наведуваат дека постои сомнеж оти леталото било погодено од ирански оган, што би можело да биде прв ваков случај од почетокот на конфликтот.

Американската Централна команда засега не изнесува детали, додека истрагата е во тек.

Од друга страна, иранските власти тврдат дека нивните сили успешно го погодиле авионот, нагласувајќи дека станува збор за значаен момент во ескалацијата на конфликтот.

И покрај оштетувањата, авионот успеал безбедно да слета. Инцидентот дополнително ги зголемува тензиите во веќе нестабилниот регион, каде што конфликтот меѓу САД, Израел и Иран продолжува да се продлабочува.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни