Иран продолжи со ноќни напади врз шест земји истовремено – Обединети Арапски Емирати, Саудиска Арабија, Кувајт, Катар, Бахреин и Израел. Саудиска Арабија соборила шест балистички проектили над воена база на американските сили во регионот Ал Харј. Израелските одбрамбени сили соопштиле дека е тоа веќе седмиот ирански напад врз Ерусалим и југот на земјата.
ОАЕ: суздржаност под притисок
Министерството за одбрана на ОАЕ соопшти дека противвоздушната одбрана ги пресретнала ракетите и дроновите. Советникот на претседателот Мохамед бин Зајед, Анвар Гаргаш, изјавил дека неговата земја има право да се брани од “терористичка агресија”, но истовремено нагласил дека ОАЕ сакаат да дејствуваат разумно и да бараат излез од кризата за целиот регион.
Кувајт – погоден радарски систем
Куваjtската управа за цивилно воздухопловство соопшти дека меѓународниот аеродром бил мета на неколку напади со дронови, при што е оштетен радарскиот систем. Два дрона цела биле американска воена база во Кувајт, според куваjtското Министерство за одбрана.
Новото иранско лидерство со тврд став
Новоименуваниот ирански врховен водач Моџтаба Хамнеи ги повика залевските земји да ги затворат американските бази на своја територија. Иранскиот министер за надворешни работи Абас Аракчи истовремено ги повика “браќата соседи” да ги протераат “странските агресори”, нагласувајќи дека нивна “единствена грижа е Израел”.