ВИДЕО: Иран нападна Американска морнарица во Бахреин

Ракетен напад врз центарот на Петтата флота на САД во Бахреин. Активирани сирени за тревога, властите повикаа на засолниште.

Според информациите на бахреинската државна новинска агенција БНА, центарот на Петтата флота на американската морнарица утрово бил „изложен на ракетен напад“.

Петтата флота на САД управува со воени операции на Блискиот Исток, вклучително и во Персискиот Залив, Црвеното Море, Арапското Море и делови од Индискиот Океан.

Министерството за внатрешни работи на Бахреин соопшти на платформата X дека се активирани сирени за тревога и ги повика граѓаните и жителите веднаш да побараат засолниште.

Националниот комуникациски центар на Бахреин потврди дека нападите биле „насочени кон локации и објекти во рамки на границите на Кралството“, а биле лансирани надвор од неговата територија.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни