Иран молел за мир, тврди Хегсет, Пакистан се нуди за домаќин на преговорите

Иранскиот национален совет за безбедност соопшти дека преку Пакистан им предал на САД план од 10 точки

Доналд Трамп се согласи да ги паузира нападите врз Иран две недели откако предупреди дека „цела цивилизација ќе исчезне“ ако Техеран не се согласи повторно да го отвори Ормутскиот теснец. Подоцна тој го прогласи тоа за „голем ден за светскиот мир!“

По објавата на Трамп, Техеран соопшти дека ќе дозволи „безбеден премин“ низ Ормутскиот теснец за време на траењето на прекинот на огнот „во координација со иранските вооружени сили“.

Иранскиот национален совет за безбедност соопшти дека преку Пакистан им предал на САД план од 10 точки, но нагласи дека тоа не значи дека војната е завршена.

Шехбаз Шариф, чија влада посредуваше во разговорите меѓу САД и Иран, понуди да биде домаќин на разговорите меѓу двете страни, почнувајќи од петок во Исламабад.

Хегсет: Трамп „избра милост“ кон Иран

Обсипувајќи го Доналд Трамп со пофалби, Пит Хегсет вели дека претседателот имал моќ да ја парализира целата економија на Иран за само неколку минути, „но тој избрал милост“.

Иран го прифати договорот за прекин на огнот „под огромен притисок“ бидејќи „немаше опции и време“, тврди Хегсет, пренесува Скајњуз .

Трамп му даде рок на Иран до денес во 1 часот наутро да го отвори Ормутскиот теснец или ќе се соочи со уништување, предупредувајќи дека „целата цивилизација ќе исчезне“ ако Техеран не се согласи со договорот.

Продолжувајќи го обраќањето, Хегсет вели дека Иран никогаш нема да има нуклеарно оружје – повторувајќи ја претходната објава на Трамп од „Truth Social“ дека нема да има збогатување на ураниум во Иран.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни