Иран изрече смртна казна за демонстрант за „непријателство кон Бога“

Се верува дека илјадници луѓе се убиени во задушувањето на протестите, најлошите внатрешни немири во Иран од Исламската револуција во 1979 година

Маж во Иран е осуден на смрт под обвинение за „непријателство кон Бога“, што се верува дека е прва таква казна изречена од Револуционерниот суд за негово учество во масовните протести во јануари, изјави во вторник извор близок до семејството на осудениот .

Се верува дека илјадници луѓе се убиени во задушувањето на протестите, најлошите внатрешни немири во Иран од Исламската револуција во 1979 година. За време на настаните, американскиот претседател Доналд Трамп го предупреди Техеран дека може да нареди воена акција доколку се извршат егзекуциите.

Иранското судство сè уште официјално не ја објави пресудата за осудениот Мохамед Абаси.

Дополнително, САД го зголемуваат военото присуство околу Иран, додека внатре во Исмламската република младите и студентите повторно се организираат нови протести.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни