Иран и Хутите го поздравија договорот за прекин на огнот во Појасот Газа

Иран и Хутите го поздравија договорот за прекин на огнот во Појасот Газа

Иран го поздрави договорот за прекин на огнот во Појасот Газа помеѓу Хамас и Израел.

– Иран отсекогаш ги поддржувал сите акции и иницијативи насочени кон прекин на геноцидната војна, повлекување на окупаторските сили, обезбедување хуманитарна помош, ослободување на палестинските затвореници и остварување на основните права на палестинскиот народ, се наведува во соопштението на иранското Министерство за надворешни работи.

Исто така Иран ја повикува меѓународната заедница да го спречи Израел да ги прекрши своите обврски во Појасот Газа.

Во меѓувреме и јеменските бунтовници Хути го поздравија договорот за прекин на огнот помеѓу Хамас и Израел и за ослободување на заложниците.

„Ја потврдуваме нашата поддршка за сите напори насочени кон ублажување на страдањата на палестинскиот народ, прекин на агресијата, пробивање на опсадата и ослободување на палестинските затвореници во Израел, изјави Членот на политичкото биро на Хутите, Мохамед ал Фрах. 

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни