Иран пропушта бродови на Индија и Кина низ Хормуз – по договор

Транзитот на нафта низ теснецот падна од 20 на помалку од два милиони барели дневно – сега дипломатијата бара излез

Иран одобри транзит на бродови на неколку земји низ Хормускиот теснец, потврди портпаролот на иранското МНР Есмаеил Багаеи. Меѓу нив се ирански, индиски, кинески и грчки бродови. Американскиот министер за финансии Скот Бесент изјави дека Вашингтон нема ништо против овој транзит.

Бројките укажуваат на колапс на протокот

Транзитот низ Хормуз паднал од предвоени 20 милиони барели дневно на помалку од два милиони, соопшти Меѓународната агенција за енергија. Во периодот 1-11 март низ теснецот поминале само 77 бродови – наспроти 1.229 во истиот период лани. Повеќе од половина биле дел од „флотата во сенка” – танкери без западно осигурување кои избегнуваат санкции.

Индија преговараше, а Иран им одобри

Индискиот министер за надворешни работи Субраманјам Џаишанкар потврди дека преговорите со Тегеран дале резултат: два индиски LPG танкери поминале под надзор на индиската морнарица. Сепак, не е постигнат „начелен договор” – секој брод се одобрува поединечно. Во Персискиот Залив сè уште чекаат 22 индиски бродови.

Иран ги претстави пропуштањата како доказ за сопствен „одговорен пристап” – демонстрација на суверена дискреција, не отстапка. Тонот на Тегеран укажува дека отворањето е условно и реверзибилно.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни