Иран: Го погодивме USS Abraham Lincoln

На носачот Abraham Lincoln се наоѓаат најновите невидливи борбени авиони F-35, способни да избегнуваат непријателски радари

Иранската револуционерна гарда (IRGC) тврди дека со четири балистички проектили го нападнала и погодила американскиот носач на авиони USS Abraham Lincoln, пренесуваат иранските државни медиуми. Се работи за петти носач на авиони од класата Nimitz во составот на Американската воена морнарица.

На носачот Abraham Lincoln се наоѓаат најновите невидливи борбени авиони F-35, способни да избегнуваат непријателски радари. Во неговиот ударен состав се три разурнувачи опремени со крстосувачки проектили Tomahawk за напади на копнени цели, а обично го следи и нуклеарна подморница со исто вооружување.

Според сателитски снимки потврдени од BBC Verify, носачот последен пат е забележан на 15 февруари покрај крајбрежјето на Оман.

САД засега немаат одговорено на тврдењата на Иран.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни