Иран формира привремен управен совет по убиството на Али Хамнеи

По убиството на врховниот лидер, Али Хамнеи, Иран формира привремен управен совет за да го одржи раководството додека не се избере наследник. Ситуацијата создава опасен вакуум и сложен внатрешен и регионален контекст.
epa12786225 EPA/ABEDIN TAHERKENAREH

Највисокиот безбедносен функционер на Иран, секретарот на Врховниот совет за национална безбедност, Али Лариџани, соопшти дека земјата денес ќе формира привремен управен совет, јавува агенцијата Tasnim.

Ова е привремена мерка, применлива согласно Уставот по убиството на лидерот на Исламската револуција, Али Хамнеи, во американско-израелски напад, и ќе важи додека не се избере негов наследник.

Уставни одредби и привремен совет

Според Уставот, во членот 110, ако земјата остане без лидер, претседателот, шефот на судството и еден од правните членови на Уставниот совет привремено ќе ги преземат функциите на лидер додека не се избере нов лидер. Лариџани истакна дека Уставот ги опфаќа одредбите за иднината на Иран во услови на отсуство на раководството и дека привремениот управен совет наскоро ќе биде формиран.

Локалните медиуми јавија дека Лариџани ги обвини САД и Израел дека се обидуваат да го ограбат и дезинтегрираат Иран. „Привремениот совет за водство на земјата ќе биде формиран што е можно поскоро. Претседателот, првиот човек на правосудството и член на Советот на чувари (револуцијата) ќе ја преземат одговорноста додека не се избере следниот лидер“, изјави Лариџани, кој беше советник на убиениот Али Хамнеи.

Опасен вакуум и сложена политичка ситуација

Убиството на Али Хамнеи создаде голем вакуум во раководството. Одеднаш беа убиени и министерот за одбрана, Азиз Насирзаде, шефот на Националниот совет за безбедност, Али Шамхани и командантот на Корпусот на исламската револуционерна гарда (IRGC), Мохамад Пакпур.

Сценариото се споредува со „венецуелски сценарио“ од страна на американскиот претседател Доналд Трамп, кој изгледа веќе има во ум потенцијален наследник, но ситуацијата во Иран е далеку покомплексна.

Нема лесна замена

Иранската теократија се претвори во автократија и клектократија. Голем дел од преку 90 милиони жители зависи од режимот за егзистенција. Отсуството на јасна опозиција значи дека секое решение за наследство најверојатно ќе произлезе од останатите структури на режимот.

Истовремено, американската и израелската интервенција со супериорна технологија и воздушна моќ можеше да обезбеди брзо решение, но сложените внатрешни односи и структурни проблеми во Иран остануваат нерешени, со ризик од насилно распаѓање на државата и дестабилизација на целиот Блиски исток.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни