Иран бара договорот со САД да биде одобрен од Советот за безбедност

Овој предлог договор усвоен на два часа пред крајот на ултиматумот на Трамп донесе двонеделно примије и нагло поевтиување на суровата нафта

Конечниот договор меѓу Иран и САД мора да биде потврден со обврзувачка резолуција на Советот за безбедност на Обединетите нации, објави иранската новинска агенција Тасним .

Според агенцијата, планот од 10 точки предложен од Иран, кој ќе биде основа за идните преговори со САД по повлекувањето на претседателот Доналд Трамп, предвидува дека сите можни договори мора да бидат одобрени со обврзувачка резолуција на Советот за безбедност на ОН.

Усвојувањето на таква резолуција би го претворило договорот во обврзувачко меѓународно право и, како што се вели, би претставувало значајна дипломатска победа за иранскиот народ.

Овој предлог договор усвоен на два часа пред крајот на ултиматумот на Трамп донесе двонеделно примије по што очекувањата се дека конечно ќе заврши војната на Блискиот исток.

Најавите за прекин на војната резултираше со нагло намалување на цените на суровата нафта на светските берзи.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни