IQAir: Македонија на Македонија меѓу најзагадените во Европа: Балканот дише најлош воздух

Пет од 10-те најзагадени градови во Европа се во Турција, покажува извештај на IQAir. Балканот меѓу најпогодените региони, додека Финска има најчист воздух.

Дури пет од десетте најзагадени градови во Европа во 2025 година се наоѓаат во Турција, покажува најновиот извештај за квалитет на воздухот на IQAir.

Истовремено, граѓаните на Финска дишат меѓу најчистиот воздух во Европа, иако ниту една европска земја целосно не ги исполнува препораките на Светската здравствена организација за безбедно ниво на ситни честички (PM2.5).

Само три земји во Европа во „безбедна зона“

Според извештајот за 2025 година, само три европски земји ги исполнуваат стандардите за квалитет на воздух и тоа Естонија, Исланд и Андора

Од анализирани 2.303 градови во 43 земји, само 104 биле во рамките на безбедните граници за PM2.5.

Балканот и Источна Европа најпогодени

Осум земји со највисоко загадување (над 15 µg/m³) се Босна и Херцеговина, Северна Македонија, Србија, Турција, Молдавија, Романија, Црна Гора и Полска

Ова е далеку над препорачаното ниво од 5 µg/m³.

Најзагадени градови: Турција доминира

Најзагаден град во Европа е Игдир со просечно ниво од 64,4 µg/m³.

Во топ 10 се и Буча (2 место), Нови Пазар (3 место), Гедекли (4 место), Приједор (5 место), Коња (6 место), Горажде (7 место), Дузџе (8 место), Грачаница (9 место), Чачак (10 место)

Главни причини за загадувањето се употреба на јаглен и фосилни горива, старо домашно греење, густ сообраќај, индустриски емисии и временски услови што го задржуваат загадувањето

Најчист воздух: Финска лидер

Од друга страна, најчистиот воздух е во Финска, која има половина од топ 10 најчисти градови.

Најчист е Утјо со само 1,3 µg/m³, а следуваат: Муонио, Китила, Рануа и Нивала.

Други чисти локации се: Сандгерди, Бредкелен, Фаро и Алфтанес.

Причините за чистиот воздух се строгите еколошки политики и високата употреба на обновливи извори на енергија.

Како да се заштитите од загадување

PM2.5 честичките се исклучително мали и можат да навлезат во белите дробови и крвотокот, зголемувајќи ризик од респираторни заболувања, срцеви болести, рак…

Експертите препорачуваат следење на квалитетот на воздухот преку апликации, останување дома при високо загадување, користење прочистувачи на воздух и носење KN95 маски надвор.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни