Неодамна заврши повикот за Мерка 1 и Мерка 7 од ИПАРД 3 програмата. Следен повик кој треба да го објави Платежната агенција е за Мерка 3: ИНВЕСТИЦИИ ВО ОСНОВНИ СРЕДСТВА ЗА ПРЕРАБОТКА И МАРКЕТИНГ НА ЗЕМЈОДЕЛСКИ И РИБНИ ПРОИЗВОДИ.
Еве кои се основните информации за Мерка 3, кој може да биде корисник, кои се приоритени сектори и висина на поддршката:
КОЈ МОЖЕ ДА БИДЕ КОРИСНИК
Правни лица – трговски друштва во рангот на микро, мали, средни претпријатија до 250 вработени и годишен обрт до 50 милиони евра.
Задруги
Претпријатија кои не се опфатени со дефиницијата за микро и средни, но кои вработуваат помалку од 750 вработени и кои имаат годишен обрт кој не надминува 200 мил. €, може да бидат прифатливи како корисници, но во овој случај поддршката може да се додели за инвестиции посебно наменети да го надградат целиот систем во согласност со релевантните стандарди на ЕУ.
ПРИОРИТЕТНИ СЕКТОРИ
-Преработка на млеко и млечни производи;
-Преработка на месо и месни производи (вклучувајќи јајца и живина);
-Преработка на овошје и зеленчук (вклучувајќи компир, печурки и легуминозни
култури);
– Преработка на житарици, мелнички производи и скроб;
– Растителни и животински масти и масла;
– Шира, вино и оцет;
– Производство на енергија со преработка на примарна биомаса од растително и животинско потекло, со исклучок на биомаса од рибни производи.
ВИСИНА НА ПОДДРШКАТА
Минималните вкупни прифатливи расходи на инвестицискиот проект изнесува 50.000 евра. Максималната вкупна финансиска поддршка што треба да се додели на поединечен проект според оваа мерка е 50% или не повеќе од 1.500.000 евра. Максималната вкупна финансиска поддршка за еден примател според оваа мерка не смее да надмине 3.000.000 евра за целиот период на спроведување на Програмата.
Максималната финансиска поддршка што треба да се додели на новоформирани правни лица (правно лице кое нема поднесено годишен даночен извештај за последната фискална година што ѝ претходи на годината на јавен повик) по оваа мерка изнесува 100.000 евра.
НАПОМЕНА ЗА СИТЕ МЕРКИ: Земјиштето на кое се планираат инвестициите треба да е во сопственост на апликантот или да е земено под закуп или концесија на најмалку 7 (седум) години од денот на аплицирање.
Извор: agrotim.mk