Инвазивни пчели се појавиле на Малта, научниците се плашат дека може да се прошират во Европа

Во Европа е забележана колонија на инвазивни црвени џуџести пчели, предупредуваат научниците.

Пчелите од видот Apis florea се по потекло од Азија, а нивното појавување на Малта предизвика вознемиреност кај локалните пчелари и организациите кои се борат за заштита на животната средина. Тие се исплашени од влијанието на овие пчели врз домашните популации.

„Загрижува штп Apis florea се пронајдени на Малта. Тие веројатно ќе се натпреваруваат за поленот и нектарот со домашните запрашуваќи, група инсекои кои секако ги има се помалку. Исто така веројатно овие пчели носат и болести на кои европските пчели може да имаат послаба отпорност“ предупредува Дејв Гулсон, професор по биологија од Универзитетот во Сасекс.

Колонијата имала повеќе од 2000 возрасни пчели, а научниците потврдиле дека станува збор за Apis florea, по што веднаш било започнато со нејзино уништување. Меѓутоа, истражувачите се сомневаат дека група пчели можно е да се избегани и да креираат нова колонија.

Според медиумите пчелите на Малта најверојатно се пристигнати со некој брод.

Истражувачите веруваат дека благите зими на Малта и во другите јужноевропски земји се погодни за опстанок на оваа инвазивна врста и дека само за неколку години тие би можеле да се прошират и на други места низ Европа.

Извор: Б92

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни