Спортско друштво ИТК Македонија – Скопје и Интернационалниот курс за тренери (ИТК Лајпциг) од Универзитетот во Лајпциг од Германија организираат Интернационален симпозиум насловен „Including Inclusion“ (Вклучувајќи ја инклузијата) во Младинскиот културен центар во Охрид.
Симпозиумот е завршен настан на ИТК Лајпциг Алумни групата од проектот „Including Inclusion”, чија цел е да се развијат инклузивни спортски курикулуми за тренери и наставен кадар и да се етаблираат одржливи инклузивни спортски структури.
-Македонија во овој проект е студија на случај претставувајќи повеќе успешни и активни активности. На конференцијата ќе се говори за инклузијата, спортот и можноси за развој на оваа спортска гранка. Воедно ќе бидат презентирани резултати од работните групи и најдобрите практики каде што покрај македонските учесници, презентации ќе имаат и гости од Германија, Јамајка, Алжир, Перу и Того, се наведува во соопштението.