Македонските студенти за истражување и развој на космосот (МК-СИРК) го издадоа македонското издание Инструменти на меѓународното космичко право, преведено од Александар Ташковски и други, под патронство на Меѓународното космичко движење.
Настанот го отвори Адела Асани, секретар на Универзитетсткото студентско собрание – УКИМ, промотори беа доц. д-р Јана Богданоска, претседателка на Македонското астрономско друштво (МАД) и претседавач на МК-СИРК, а модератор на настанот беше Мила Коруновска, претседателка на Факултетското студентско собрание на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“.
Македонското издание е превод од изворното дело на англиски јазик International Space Law: United Nations Instruments на Обединетите нации, односно Канцеларијата на Обединетите нации за космички работи (UN/United Nations Office for Outer Space Affairs, ISBN 9789211013849).
Во наредниот период ќе се одржат серија промотивни настани низ Македонија, на кои ќе се собираат донации и доброволни прилози за покривање на трошоците за македонското издание.
Првото некомерцијално, отворено и бесплатно издание на македонскиот превод ќе биде дистрибуирано низ сите училишни библиотеки на средните училишта, како и останатите библиотеки во земјата, додека неговите електронски и аудиоформати ќе може бесплатно да ги најдете на официјалната веб-локација на издавачот .