Утре, на 5 јули (среда) во 13 часот во Амфитеатарот на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ ќе бидат доделени благодарници за континуираното следење на работата на Институтот на неколку медиуми.
Меѓу нив се најде и нашиот портал, Трн, во листата на која се најдоа и: Македонска телевизија, Македонско радио, Рацин, Телевизија 24, Сител, Канал 5, Алфа телевизија, Слободен печат, ТВ 21, Нова Македонија, Телма, Алсат М, ТВ Сонце, МИА, Види вака, Радио Слободна Европа, Република, и Бизнис вести.
Од Институтот за македонски јазик, се заблагодаруваат за поддршката и за медиумската покриеност на настаните на Институтот.