Вчеравечер, во Францускиот институт во Скопје, за љубителите на уметноста, беше отворена инсталацијата „Страв од љубов” на уметницата Клелија Живковиќ.
Настанот го отвори г-дин Греагоа Жислер, Директор на Францускиот институт во Скопје и Советник за култура и соработки, којшто за првпат и’ се обрати на публиката, изразувајќи ја својата радост што токму оваа средба е одраз на виталноста на современата македонска уметност.
Клелија Живковиќ во својата инсталација вешто поврзува повеќе елементи: звук, ткаење како древна активност, и симболот на папочната врвца како метафора за поврзаноста и нашето трансгенерациското наследство.
Публиката, преку слободен допир на инсталацијата и разговор со уметницата, уживаше во едно автентично уметничко-филозофско толкување на светот, на љубовта, на стравот и оплакувањето.
Разговорот го водеше кураторката на изложбата, Мелоди Робин.Оваа просторно-звучната инсталација можете да ја посетите Францускиот институт до 3 ноември.