Коментарите на Инстаграм добија edit опција, но само 15 минути по објавувањето

Инстаграм овозможува уредување на коментари, но само во првите 15 минути по објавување.

По години барања од корисниците, Инстаграм воведе можност за уредување на коментари – но само во првите 15 минути по нивното објавување.

Инстаграм конечно ја воведе долгоочекуваната опција за уредување на коментари, но со јасно ограничување: корисниците ќе имаат само 15 минути да направат измени откако ќе го објават коментарот.

Новата функција функционира слично како уредувањето на пораки, која беше воведена во 2024 година, повеќе од една деценија откако директните пораки првпат се појавија на платформата.

Корисниците ќе можат да ги уредуваат исклучиво сопствените коментари. Процесот е едноставен – со избор на опцијата „Edit“ под коментарот се отвора поле за измена, по што промените се зачувуваат со потврда.

Во рамки на дозволениот период, коментарите може да се менуваат неограничен број пати. Тоа значи дека корисниците имаат простор да ги коригираат грешките, да додадат контекст или да го променат тонот на напишаното – но само додека не истече временскиот рок.

Ограничувањето од 15 минути покажува дека платформата се обидува да најде баланс помеѓу флексибилноста и спречувањето на злоупотреби, како ретроактивно менување на дискусии.

Оваа новина е дел од поширок сет промени што ги воведува Мета. Во последниот период компанијата најави и укинување на енкрипцијата „крај до крај“ за пораките, како и тестирање на нова претплатничка услуга „Инстаграм Плус“, која нуди дополнителни опции за содржините во формат на приказни.

Со ова, Инстаграм прави уште еден чекор кон поголема контрола на содржината од страна на корисниците – но и покажува дека таа контрола ќе има свои јасни граници.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни